Пелистер го победи Металург (24-22), а на турнирот во Струга денеска прв настап има и Вардар

Откако Еурофарм Пелистер го победи синоќа Металург со 24-22 во дербито на првиот ден и на групата 2 на традиционалниот машки ракометен турнир во Струга, битолчани, според се, си го отворија патот до финалето иако ќе имаат уште два меча до крајот на оваа прва фаза. Таму би требало да ги очекува Вардар иако црвено црните вечерва против Охрид го имаат првиот настап на натпреварувањето кое се одржува на отвореното игралиште на Женска плажа во Струга, и на кое ќе се игра и во следните три дена, со тоа што натпреварите за пласман се в недела.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста