Пелагонскиот регион гласачки настроен

Со какво расположение жителите на Пелагонискиот регион  ќе го искористат своето гласачко право,  допрва ќе се види. Но, ако денот се познава по утрото, тогаш низ нашите анкети може да се забележи оптимизам, надеж но и разочараност, секој според сопствената мерка за овие парламентарни избори. Екипата на Алфа, во пладневните часови беше во Могила, каде што излезноста до 13 часот изнесуваше 23, 38% според податоците на Општинската изборна комисија. Но, еве што ни рекоа могилчани.

Вообичаено, пресекувајќи го Пелагониското поле, наша следна дестинација беше Новаци, општина со 2.928 гласачи. Од општинската комисија ни рекоа дека до 13 часот излезноста била 42, 4 отсто, а гласачите очекуваат слога и подобро утре за младите.

Во Битола, во повеќе избирачки пунктови, за разлика од утринското спокојство, во пладневните часови раздвиженоста беше поголема. Во 13 часот излезноста беше 31, 43, а расположението на гласачите сосема различно.

Барем засега, изборниот процес се одвива мирно, и нема сериозни забелешки ниту во Општинската изборна комисија, ниту во Канцеларијата на народниот правобранител.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста