Пелагониските бизнисмени со поддршка и силни очекувања од унгарскиот кредит

Пелагониските бизнисмени со поддршка и силни очекувања од унгарскиот кредит

По неколкугодишната економска агонија, пелагониските бизнисмени со нетрпение ги очекуваат свежите пари од унгарскиот кредит. Се прават пресметки, се прилагодуваат актуелните интерни состојби во компаниите, бидејќи, како што велат, кога треба да се раздвижи економијата во една држава, тоа може да се случи само преку првично раздвижување на компаниите. А фит-бекот од тој развен сегмент е полнење на буџетот, што е и основната суштина на секоја добра економија, било констатирано на многу досегашни средби на бизнисмените од Пелагонија.

Најголемите полначи на буџетот се стопанството и компаниите коишто успешно работат, и педантно и навремено си ги плаќаат обврските кон државата. Тогаш и сите останати општетсвени сектори на функционирање на една нормална, стабилна и јака држава, ќе бидат многу посилни и тогаш сите граѓани од секој сегмент, тргнувајќи од пензионери, државни службеници, од вработени во здравство, ќе имаат многу поголем бенефит од нештото“, – ни изјави за Алфа, Гордан Бошкоски, стопанственик од Прилеп.

Бошкоски вели дека преку својата Компанијата, а која со извесни подеми и падови, главно е успешна бизнис-приказна во македонското градежништво цели три децении, во новата финансиска инјекција од унгарскиот кредит гледа шанса повторно да ги „оживее“ развојните проекти кои во изминативе седум години им останале само на хартија, притоа создавајќи им исклучително негативни финансиски реперкурсии.

Нашата Компанија со неколку проекти е веќе спремна да аплицира. Тоа се релани проекти, поврзани со дел од она што значи работа на нашата Компанија, а тоа е во делот на градежништвото, во производството на одредени градежни материјали и.т.н., така што ова, ако се додефинира добро, мислам дека е прекрасна прилика за реализација, посебно што е добар грејс-периодот, добар е рокот на отплата, за каматата кажавме дека е историски најдобра, и мислам дека во многу што ќе значи раздвижување на стопанството и тоа поприлично“, – објаснува Бошкоски.

И додека македонските бизнисмени веќе наголемо си ги праваат калкулациите, досега она што со сигурност се знае е дека од вкупно 250-те милиони евра од унгарскиот кредит, наменети за стопанството, право да аплицираат ќе имаат само оние компании кои планираат нови инврестиции и да имаат 20 насто учество од вкупната вредност на инвестицијата.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста