Пелагонискиот регион останува „слепо црево“ уште најмалку две години?!

околу осовременувањето на катастрофалната патна инфраструктура, а на која бурно реагираат со години. Финиширањето на долгонајавуваниот Експресен пат Прилеп-Градско, ќе се одолжи на уште најмалку две години. Пелагонија и понатаму останува „слепо црево“. Барем до јули 2023 година, бидејќи дотогаш ќе траат градежните работи, кои според министерот Бочварски, деновиве повторно ќе се интензивирале, откако бил склучен договорот со новиот изведувач, Компанијата „Штрабак“.

 „Вредноста на целата инвестиција е 24,7 милиони евра, средства обезбедени во 85 проценти од ИПА- фондовите. Досега вкупната изградба на патот е 34,4 проценти, што значи дека новиот изведувач има обврска да ги доизгради и останатите 65 проценти. Крајниот рок е месец јули, 2023 година, но моите очекувања се дека тој рок може да биде и порано и целиот објект, целиот автопат, односно експресен пат да биде завршен пред самиот рок“, – рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски. 

   Меѓутоа, и покрај ваквиот оптимизам  на Владата, факт е дека со доизградбата и на овој патен правец се доцни. Првичните најави беа дека истиот ќе биде готов до крајот на 2019-та година, за потоа тој рок да биде пролонгиран до 2020-та година, а сега пак, до 2023-та. Испровоцирани и огорчени од ваквата спора градежна активност, пелагониските бизнисмени, уште во февруари годинава, испратија и јавна реакција до властите, особено заради тоа што овој горлив проблем на Пелагонискиот регион, не беше ниту ставен во Планот на Владата за 2021 година, иако тоа беше многукратно ветувано.

   Инаку, Пелагонискиот регион е втор по големина во придонесот на формирањето на БДП во Македонија, со скоро 12 %. Но, од државата нема адекватна повратна поддршка за обезбедување на соодветна патна инфраструктура што пак, негативно влијае на привлекувањето на странски инвеститори, на зголемувањето на трошоците на домашните компании, ја намалува конкурентноста на компаниите, го отежнува транспортот и директно го намалува економски раст кој би се постигнал.

   Освен ова, пелагониските бизнисмени, бараат и приоритетна изградба на автопат на патот Велес -Прилеп, преку Дервен, па се’ до Битола и Меџитлија.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста