Пелагонискиот регион две децении без инвестиции за патишта, а короната силно удри по малите фирми

 Со 8. 200 правни субјекти, Пелагонискиот регион е втор по големина во Државата, меѓутоа подолго време изостануваат инвестиции, пред с`е во патната инфраструктура, што доведе до целосна стопанска стагнација и негативни демократски процеси со масовно исселување на населението. На ова, до претставниците на власт реакции стасаа од Регионалната стопанска комора.

-Дваесет години немаме инвестиции во патната инфраструктура. Значи, економски раст и локален развој без патна инфраструктура, не постои никаде. Нема автопат кој не се оправдал во историјата, дали ќе биде за 3, 5 или 8 години дека нема оправданост, не е точно- рече Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора.

Покрај сите состојби, негативен одраз имаше и пандемијата која некои бизнис релации, особено во прекуграничната размена, ги доведе со апсурд. Така, граничниот премин Меџитлија е на 20 км, а превозниците поради блокадите, мораа да прават дваесет до триесет пати подолги тури.

-Осум месеци цела шпедиција ни е пренасочена кон Гевгелија и шпедитерите кои возат за Италија и со Северна  прават 550- 600 км повеќе за една тура и поскапува за 300 до 500 евра. Дури компании од грција со кои имаме трговска размена, сакаат да прекинат- вели Велковски.

Со новиот пакет – мерки за ублажување на финансиските сотојби поради короната, тукашните бизнисмени не сакаат директни вложувања од Владата, туку  бараат други олеснителни мерки.

-Некаде околу стотина работници во нашите компании од Пелагонија се отпуштени, меѓутоа се очекува со новиот пакет мерки помош, што ние како стопанство сме согласни да не биде директно вложување пари. Меѓутоа, со други мерки да има даночно ослободување, каматите да бидат од 0-1%, да се добијат брзо кредити, кои сега ги чекаме до една година со 3,5% камата- рече првиот човек на Стопанската комора од Пелагонискиот плански регион.

После рекациите на бизнисмените, на средбите со власта, следеа ветувања дека наскоро ќе се гради автопат, а исто така и експресен пат, за побрзо поврзување со границата. Дали и кога ветувањето ќе се исполни, останува отворено прашање, како и со многу други претходни ветувања.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста