Пеколни температури – владините мерки за заштита на граѓаните ги нема
Македонија влегува во портокалова фаза со пеколни температури, а Министерството за здравство со скрстени раце, се уште нема дадено никакви препораки за заштита од топлото време на најранливите граѓани.
Докторите апелираат надлежните да не чекаат, и да не трчаат по жешка песок – итно да донесат мерки….бремените жени, и старите лица над 60 години да бидат ослободени од работа.А во градинките децата да не се изнесуваат на отворeно во период од 11 до 17 часот.
Докторите предупредуваат дека топлото време е причина и за срцеви и мозочни удари. И кај матичните лекари и кај специјалистите е зголемен бројот на овие дијагнози.Докторите велат дека пациентите со кардиоваскуларни и невролошки заболувања мора да останат дисциплинирани и навреме да ја земаат препишаната терапија, и никако да не излегуваат надвор во најтоплиот период од денот.
И лекарите од итната медицинска помош се со полни раце работа едвај одговараат на повиците зашто не престанува да ѕвони дежурниот телефон.Но таму проблемот е уште подлабок, овој медицински центар кубури со медицински персонал.
Вкупно 52 тимови од лекар, сестра и возач недостигаат во Службите за итна медицинска помош во земјава за да се задоволи законскиот минимум. Најалармантна е состојбата во Скопје каде за нормално функционирање “фалат” дури 18 екипи.