Пеколна група за Вардар во новото издание од ЛШ

Новата сезона од Лигата на шампионите, и тоа како ќе биде интересна, а веруваме и докрај неизвесна уште во групната фаза. Ждрепката нималку беше наклонета кон се уште актуелниот првак Вардар. За противници, кој од кој посилен. Раул Гонзалес и Даинис Криштопанс со ПСЖ, Игор Карачиќ со Кјелце, но и македонскиот голман Никола Митревски со Порто. Во првиот состав се и Пик Сегед, Мешков, Флензбург и Елверум. Во втората група е Кире Лазаров со Нант, а против себе ќе ги има Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Мотор З., Цеље и ППД Загреб. За прв пат елитното европско натпреварување брои 16 екипи, поделени во две групи. По 14 кола во групната фаза, најдобрите две екипи од двете конкуренции одат директно во четвртфинале, а останатите од трето до шесто место разигруваат за прогрес во ТОП 8.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста