„Пејпер Мил“ повторно чади, но само ноќе и за време на викендите

Кочани бира папа„…со ваков наслов деновиве на социјалните мрежи масовно се споделуваат видео клипови и фотографии. Еко активистите од градот тврдат дека оџакот на фабриката за цеулоза „Пејпер мил„ повторно неконтролирано чади. Чадот е со неподнослива миризба и предизвикува печење во очите.Најалармантно е во вечерните часови и во викендите. Ситуацијата се стабилизира кога се најавува контрола од страна на инспекторатот.

  „Фабриката не ни престанала да чади.Кога помалку, кога повеќе. Помалку или се сопира кога доаѓаат инспектори во контрола. Луѓето кои живеаат во непосредна близина на фабриката ни јавуваат дека смрди, мириса и пецка на очи. Во вечерните часови и за викенд чурењето се интензивира„-изјави Орце Николов од невладиното здружение„Одбор за подобар живот„

Според  податоците објавени на официјалната страна на Државниот инспекторат за животна средина контролен инспекциски надзор во  Пејпер мил е направено на 11септември.Инспекторите констатирале дека правниот субјект  ги монтирал деловите кои биле оштетени при дефектот на филтерот и технолошкиот процес е комплетиран. Не се утврдени неправилности и поради тоа не се изречени дополнителни мерки и санкции.

Наспроти ваквиот извештај , еко активистите се децидни дека состојбата со оџакот на Пејпер мил се стабилизира но само кога се најавува контрола, така што за нив мерењата на државниот инспекторат не се релевантни.

  „Во тие два дена додека траеше инспекцискиот надзор фабриката не чадеше. Веќе доаѓа зимскиот период , температурата на воздухот паѓа и чадот се повеќе ќе се таложи и ќе го осеќаме во зимниот период„-изјави Орце Николов од НВО„Одбор за подобар живот„

Еко активистите бараат да бидат поставени уште мерни станици на неколку клучни локации во градот две  во индустриските зони и една во центарот на градот кои ќе ја дадат вистинската слика за амбиенталниот воздух во КОчани. Доколку и понатаму состојбата остане не променета од граѓанскиот одбор  најавуваат протести, веднаш по изворите.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста