„Пејпер мил“ не верува во мерењата дека е загадувач, бараат ново мерење, кочанчани гневни

Фабриката за хартија “Пејпер мил” најверојатно ќе бара и трето мерење за да се утврдат вистинските вредности на штетни материи што ги испуштаат во воздухот. Реагираат на сериозни разминувања во резултатите  од мерењата направени на 30 – декември. Двете акредитирани лабаратории дале различни резултати иако е користено иста опрема и метод, односно едните мерења се за седум пати повисоки од другите. Во меѓувреме фабриката не работи, а во понеделник акционерите на состанок во Бугарија ќе одлучуват какви чекори ќе преземат понатаму.

Налогот инсталацијата да работи на плин се додека не се постигнат утврдените гранични вредности во мирување ги ставија протестите и на еко-активистите. Од здужението Грин-орг, комнтираат  ова е уште еден доказ за тоа дека Пејпер мил е најголем загадуач на градот…црниот чад што излегува од фабричкиот оџак кочанчани ги направи заложници во сопствените домови..

“Oчите печат, сите сме болни. Прозорците не можеме да ги отвореме, а камоли да излеземе во дворовите.” – коментираат граѓаните.

Минатиот месец Кочани беше меѓу најзагадените градови во државата. Ова ја прели чашата па граѓаните излегоа на масовен протест пред фабриката. Со возила ја блокираа фабричката капија која се чуваше со кордон од над дваесетина полицајци.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста