Печалбарите сериозна закана за враќање на хаосот со вирусот во Тетово

Тетовските здравствени работници на готовс-печалбарите сериозна закана за ширење на вирусот.Тетово веќе е преплавено со нашинци од странски држави, кои годинава доаѓаат во многу поголем број од вообичаеното.Свадби и разни семејни веселби се прават на големо.И денеска низ градот сретнавме многу исселници-велат сеуште треба да се внимава, а и грешка е што државата толку ги олабавила мерките.

Моменталната стабилизација со короната кај нас, воопшто не треба да не опушта, велат лекарите.Болеста докажа дека е непредвидлива, исто како и новите мутации на вирусот.Особено треба да не загрижува новиот делта сој, кој не не одмина ниту нас.

Претседател на матични лекари Тетово (Акцентот оди на тоа што многу лесно се пренесува, појака клиничка слика, многу потешки компликации и последици по здравјето и животот на луѓето.Тука е разликата, и затоа има многу земји што се сеуште под лок даун,има доста изгубени животи, гледате таму каде што се јавува, самиот вирус мутира – изјави Д-р Светлана Трифуновска.

После одредена стабилизација,вчера Тетово регистрираше 11 новозаразени Во ЦЈЗ велат дека немаат информации дали се работи за делта сојот,оти сите тестирања не се прават кај нив, ниту пак типизацијата.Сепак,загрижува што бројката може нагло да порасне,оти контактите со новозаразените поради летото и собирите се многу побројни.  Инаку,во моментов, нема хоспитализирани пациенти, сите се лечат амбулантски.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста