Пченица и пченка од Србија не ни требале, ама ќе ги земеме

Власта уверува, ама во јавноста и натаму има дилеми дали состојбата со стоковите резерви е навистина онаква каква што се прикажува. Пораката од српскиот претседател Вучиќ дека ќе ни испрати пченица и пченка која ние сме ја побарале отвори дилеми кои ресорните министри ги расчистуваа со различни ставови. Министерот за земјоделство побрза да каже дека Владата не нарачала ништо, туку тоа било најверојатно наменето за стопанските субјекти. И нехговиот колега од ресорот економија Бектеши, изјави дека не побарале, ама изрази подготвеност да ги прими. 

“Владата и Агенцијата за стокови резерви нема побарано пченица и пченка од Србија, но ако Србија сака да ни даде тогаш ние ќе ја примиме таа количина, но треба да ни кажат кога и каде ќе ни ги достават” . Јас колку што слушнав наше барање нема, но ние нема да се откажеме од дополнителни количини, рече синоќа во интервју на ТВ Сител министерот за економија Крешник Бектеши

Ова само отвора дилеми, зошто државата би преземала нешто што не го порачала. Посебно ако се тврди дека стоковите резерви се полни. Така барем тврди министерот Николовски, а и првиот човек на стоковите резерви. Според нивните тврдења, Македонија располага со залиха од 45.000 тони пченица.

Од друга страна пак од  агрокомората при ССК , истакнаа дека тие немаат испратено официјално барање за дополнителни количини на пченица и пченка, но во секој случај српскиот потег го сметаат за позитивен.

Јас сум претседател на агрокомора при ССК, нас никој не ни се обратил официјално на било кој друг начин во кој што нас не вметнал да ние побараме, а ниту сме пратиле известување. Нашиот фокус се стоковите резерви, вели Горан Георгиевски – претседател на агрокомора при ССК

Колкава е количината на стокови резерви се уште е државна тајна. Властите уверуваат дека се стабилни и во доволни количини, како и дека нема потреба од креирање на залихи.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста