Пазарџиите најавуваат протест, со високите закупнини за нив не останува речиси ништо

Тезгаџиите од Зелениот Пазар најавија штрајк за една недела, ако Скопски Пазар не ги намали кириите за продажните места. Велат организаторот на пазарите во Скопје ја злоупотребува својата монополска положба и им наплаќа селективно. Тврдат дека едни плаќаат 5.250 денари, други 3.000, трети 100 денари од ден. Најзагрозени биле земјоделците кои во зимските месеци кога немаат промет плаќале по 2000 денари за резервација на тезгите, а сега ќе требало да ја плаќаат вкупната сума од над 5 илјади денари и покрај тоа што немаат производство. Пазарџиите бараат намалување на цените до максимални 3.600 денари месечно.

Пазарџиите се жалат дека од ден на ден прометот им се намалува, а трошоците само им растат. Вкупните трошоци што ги имаат ако сакаат да продаваат на тезга изнесуваат 16 илјади денари кон Скопски Пазар, а по плаќањето на давачките кон државата достигнуваат 22 илјади денари месечно.

Од Групацијата на организатори на пазари при Стопанската комора велат дека во Скопје цените за закуп на тезгите се утврдуваат на Управен одбор на фирмата сопственик на пазарите, во случајов Скопски Пазар. Цените варирале зависно од местоположбата на пазарот. Во другите градови, пак, кадешто овие фирми се формирани од локалните власти, одлуките за цените морале на поминат на општинските совети.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста