Пазарџиите го блокираа Центарот заради поскапиот паркинг

Пазарџиите повторно го кренаа својот глас. Незадоволни се од одлуката за поскапување на паркинг места кај Зелениот пазар, кој до 8 месецов чинеа 40 денари од час, а сега се 70. Пазарџиите велат со ова државата им го крати и така малиот профит кој го имаат продавајќи намирници на мало, за парче леб. Бараат да се врати старата цена од 40 денари за час, но откако првиот саат за паркинг ќе биде бесплатен.

Додека пазарџиите се на работ на егзистенцијата од Јавни паркинзи на општина Центар се правдаат велат ги зголемиле цените за 1 час паркирање за да им овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови.

Со воведувањето на овие мерки ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе стави крај на неправилностите кои се случуваа години наназад и ќе направи ред во паркирањето давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на паркиралиштето „Аутомакедонија“ коишто заради сите овие злоупотреби не можат да го користат паркиралиштето во близина на своите домови бидејќи секојдневно се соочуваат со неподнослив проблем со паркирањето.

ЈП Паркинзи на Општина Центар смета дека решението на проблемот треба да се бара во Скопски Пазар кој треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, а не решението да се бара во злоупотреба на јавна површина со цел да се задоволат потребите на еден приватен бизнис“, велат од ПОЦ.

Ова не е прв пат пазарџиите да протестираат, тие штајкуваа и за зголемување на давачките за закупот на тезги, но тој проблем се уште не е решен.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста