Павловска за Алфа: Кулите кај „Холидеј ин“ ќе бидат агресија врз центарот на Скопје

Деталниот урбанистички план кој предвидува висококатници во срцето на Скопје нема ниту легитимитет ниту квалитет – реагира поранешната претседателка на Асоцијацијата на архитекти за проектот Грант кој ќе се реализира на паркингот спроти ГТЦ. На последните слободни локации во метрополата им се заканува бетонирање, а и покрај алармите на антикорупционерите подлабоко да се испита случајот, веќе извесно време се работи на темелите на првата зграда од 20 ката.

Архитектите долго време предупредуваа, дека висококатниците кај Холидеј ин ќе бидат само агресија во центарот на градот.

ДУП нема легитимитет ниту квалитет, ќе направи голема штета на центарот на нградот и на целиот град. Претставува срце на градот. тоа што е една од последните слободни локации, тоа е особен предизвик за бизнис заедницата, но можем да подвлечам дека тој план е под лупата на антикорупциска, носи во себе елементи кои што треба да се испитаат многу подлабоко и многу одговорно за јавниот интерес – изјави поранешната претседателка на Асоцијација на архитекти Даница Павловска.

Павловска забележува дека властите не направиле доволно за јавниот интерес кога е во прашање овој проект. Несомнено е дека овој Детален урбанистички план треба да се суспендира, а понатаму архитектите и другите познавачи на проблематиката да одлучат што би се градело таму.

ДУП може би требало според мојот личен став мора да се суспендира а не да се реализира нашите закони законот за урб планирање дозволува таква алатка. треба да се усклади со параметрите од ГУП. Би  требало најверојатно да Општината го уреди она што значи жители во непосредна близина, наштето Ново маало, таа имотно правна заврзлама се разрешува на наш начин, да не дозволиме, богатите бизнисмени, кои ги нарекувам канџите на бизнисот, да решават за она што е само наше. затоа реагирам на леснотијата со која градоначалникот вели дека ќе се градат и другите ве згради – вели Павловска.

За судбината на парцелата Ц08 во јавноста позната како паркингот кај Холидеј ин, невладините организации, советници во локалната самоуправа и експертите, бараа да се одлучува на Референдум, но таа борба не вроди со плод. Кај Холидеј ин ќе гради инвеститорот Зоран Антиќ преку фирмите „Обновители“ и МГ Фешн кои се во негова сопственост. Тој ја купи државната парцела од 9000 квадратни метри за 2,9 милиони евра, или 312 евра од квадратен метар. МПЦ ќе добие 2000 квадратни метри станбен и 2000 деловен простор бидејќи поседувале локација на истата која им била вратена со денационализација.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста