Патниот правец Прилеп-Битола што е дел од Коридорот 10д, се очекува да биде готов до 2027 година

Патниот правец Прилеп-Битола што е дел од Коридорот 10д, се очекува да биде готов до 2027 година

    Долгочекуваното и со децении ветувано автопатско решение помеѓу Прилеп и Битола, конечно станува реалност. И покрај низата потешкотии заради несредените технички работи долж трасата и немањето фронт за реална изведба во изминатиот период, а на чие што надминување интензивно се работеше во последниве неколку месеци, автопатот помеѓу овие два града веќе забрзано се гради.

   „Наша голема благодарност за изградбата на овој пат преку кој ќе може брзо и безбедно да се стигне до саканата дестинација. А посебна благодарност до Армијата и Полицијата кои што помагаат безбедно да се одвива сообраќајот за време на изградбата на патот. Се надевам дека таа соработка ќе остане таква се до завршувањето на изградбата“, – изјави претставникот на „Бехтел и Енка“.

  „Чест ми е што сум дел од оваа инвестиција и горда сум на постигнатите резултати кои веќе стануваат видливи. Голема благодарност и до Владата за соработката и поддршката“, истакна Н.Е. Анџела Агелер, амбасадор на САД.

  „Во моментот има околу 6 км фронт за работа. Ние сме сега еден чекор пред „Бехтел и Енка“. Ако претходно „Бехтел и Енка“ чекаа оти не била решена експропријацијата, не беше решено деминирањето, сега веќе тоа им е решено и така што нема да плаќаме веќе толку пенали, туку напротив, „Бехтел и Енка“ ќе треба да не следи нас…Овде има околу 1.300 катастарски парцели кои што треба да бидат експроприрани, експроприрани се 850. Еден од главните проблеми е деминирањето, значи околу 500 хектари треба да се деминираат. Деминирани се околу 400 хектари“, – кажа Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

 „Трасата се движи, паралелно или по линија на постојниот магистрален пат Прилеп – Битола. Нема да има село кое што не е поврзано со другата страна на автопатот, без разлика на која страна е селото, затоа што има бројни натпатници и потпатници, а исто така има и пет клучки кои што ќе значат спојување во градот Прилеп, во градот Битола и уште на три места по самиот Коридор, – рече Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

  „Исклучително сум задоволен што можеме на терен да ги видиме сите оние работи кои што во позадина се прават, помеѓу кои е и процесот на деминирање, рршавање на имотно-правни односи, екдпропријација или целата онаа логистика која што е вклучена за да овој прокет добие конечно вистинско значење, а тоа e дека почнува на терен да се реализира“, – изјави Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

  При денешниот увид во градежните работи на Коридорот 10Д, односно на автопатот Прилеп-Битола, министерот Николоски, најави и дека делницата на Плетвар за Експресниот пат од Фариш до Прилеп, делумно ќе остане, а делумно ќе замине во историјата. Но, целосниот проект за оваа делница ќе биде јавно презентиран во март наредната година, посочи Николоски.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста