Патници на скопскиот аеродром со куфери и билети не можат да отпатуваат во земјите забранети за нас

Преполно патници но и нервоза на скопскиот аеродром. Тринасет дена, по неговото  отворање метежот уште е секојдневна слика. Незадоволството е заради тоа што патниците кои купиле билети и требале да летаат во земјите членки на ЕУ не успеваат ни да полетаат, оти конкретните земји забранија влез за македонски државјани. Тие што беа со македонски пасоши, а пристигаа од европските земји, велат дека за доаѓање во Македонија немале никаков проблем, но, за враќање настанува хаос.

Голем дел од патниците со двојно државјанство пак спокојни пристигнаа во Македонија.

Наидовме на патници , кои не беа расположени да зборуваат пред камерата на Алфа…откриваат, дека протоколите за патување, и пристигнување на Аеродромот, не биле запазени.

Инаку македонските државјани остануваат и понатаму непожелни во Унијата. Заради високите бројки на Ковид 19 дневно рампите за патување остануваат спуштени. Дали ЕУ ќе ја промени одлуката на 15 ти Јули, зависи од епидемиолошката слика на државата во изминативе 14 дена, но според бројките на новозаболени и починати, најверојатно, нема да се промени ништо.