
Партиското гласачко тело во кое власта се крсти – администрацијата, се крева против „Илинденска“
Нов ден, нов протест – Македонија е на улица. Илинденска повеќе е затворена отколку отворена за сообраќај, не поминува недела, а некоја улица во Скопје или другите градови да не е затворена, оти граѓаните протестираат. Протестираат докторите, медицинските сестри, студентите, пензионерите, судкса администрација, јавна администрација, медиумските работници, земјоделците, се чини дека нема сфера во држава за која не е одржан некаков протест и искажување на незадовоство на граѓаните кон власта.
Дека власта не си ја работи работата воопшто како што треба, според универзитетскиот професор, Звонимир Јанкуловски, зборува и фактот што и оние верни членови на партиите на власта, кои заради своите партиски зааслуги добиле работа во јавната администрација, излегуваат на улица, оти егзистенцијата е најважната работа во животот на граѓаните.
Љубовта кон партијата е едно, љубовта кон идеологијата е друго, меѓутоа животот и сето она што го носи, се сосема друго. Егзистенцијата што е важна за функционирање за еден нормален живот на граѓаните тоа е доведено до прашање со руинирана економија и со нефункционални институции. Животот станува полош, економијата тоне, тука веќе нема партиска обоеност, ни партиска припадност, едонставно се работи за егзистенција, вели за Алфа Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор
Според Јанкуловски, ваквите протести кои се случуваат најмасновно досега се знак дека македонското општество е жедно за промена. А таа промена е се поверојатно дека ќе се случи, вели Јанкуловски бидејќи бројките зборуваат дека власта е во заминување.
Не гледам дека некој е задоволен од сегашната власт, ова покажува дека државата е нефункционална и дека не може да одговори на потребите на системот кој функционира во државата. Така што ова е реакција на незадоволство кое се акумулира со години и потврдува дека државата се наоѓа во фаза на она што во теорија се нарекува распадната држава. Ако беше досега еден процес на пропаѓање на државата, веќе може да зборуваме за нефункционална држава, држава која е во распад, вели за Алфа Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор.
Денеска протест одржаа од судската администрација, во петокот медиумските работници, но и здравствените. Не толку одамна и секој понеделник беше резервиран за протести за случаите со онколгија, како и излегувањето на студентите од факултетите против скандалозните промени на кривичниот законик.