Пaртиски ставови за интерпелацијата на Гаши – За Мицкоски е глупава и незрела, Филипче со личен став дека треба да се поддржи

Пaртиски ставови за интерпелацијата на Гаши – За Мицкоски е глупава и незрела, Филипче со личен став дека треба да се поддржи

Завршија одморите и пратениците со полна пареа утре стартуваат со првата седница на парламентот со новиот состав. На дневен ред е интерпелацијата на собранискиот спикер Африм Гаши за кој партиите деновиве кршат копја. Партиските лидери со контра ставови и аргументи. 

Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека пратеничката група на ВМРО ДМПНЕ нема да ја подржи интерпелацијата. Според него, предлогот за интерпелација за Гаши „е незрело, и како што вели глупаво однесување на кооалицијата СДСМ, ДУИ и Левица“.Тој вели дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот и додава дека имаат голем број аргументи за тоа.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче е за интерпелација на собранискиот спикер бидејќи според него спикерот направил многу претстапи досега.

Минатата недела за интерпелацијата поднесена против него на брифинг со новинарите одговараше и собранискиот спикер Африм Гаши. Тој смета дека интерпелацијата за него не е политички издржана, но сепак како што рече ќе ја почитува одлуката на мнозинството, без разлика каква и да биде таа. Тој твдри дека не направил никаква повреда на секуларноста, како и дека не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони.

Интерпелацијата за Гаши е заснована на седум точки, образложени на десет страници. Во барањето за интерпелација се наведува дека спикерот Гаши уште од почетокот на неговото назначување работи своеволно, нестручно, несовесно и непрофесионално и згора на сѐ противзаконски, неуставно и неделовнички.

Интерпелацијата доаѓа по трите скандали во кои беше замешан Гаши. Тоа е случајот на Меѓународниот аеродром во Скопје со косовската претседателка Вјоса Османи  и инволвираноста на обезбедувањето на Гаши, косовската свадба на која тој отиде со службени возила и исламска молитва во Собранието за жртвите од Сребреница.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста