Партиите се уште калкулираат со носителите на кандидатските листи

На шест дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури до ДИК партиите и натаму калкулираат со имињата на носителите во сите изборни единици. Не ги откриваат и оние кои ќе имаат позиции на листите кои ќе им гарантираат влез во парламентот. СДСМ денеска призна дека ќе мора на БЕСА да и отстапи загарантирани позиции, но не откри колку.

Во БЕСА се убедени дека програмските определби со СДСМ им се поклопуваат. Редефинирањето за кое во минатото се прозиваше партијата според генералниот секретар се однесувало на реформите.

Засега единствено е сигурно дека СДСМ и БЕСА ќе одат со Заев како носител во четвртата изборна единица. Мила Царовска била со најголеми шанси да бвиде предводник во првата изборна единица. Техничкиот премиер Оливер Спасовски непотврдено е адутот за двојката. А Љупчо Николовски би ја предводел листата во третата ИЕ, а Билал Касами во шестата.

Кај ВМРО-ДПМНЕ се уште е енигма дали лидерот Мицкоски ќе биде меѓу носителите или  само шпицен кандидат за мандатар. За првата ИЕ се споменуват како носители Силјановска – Давкова или Мизрахи.. Потпретседателот Мисајловски и генералниот секретар Јанушев се во игра за двојката и тројката. Влатко Ѓорчев би им се спротивставил на Ахмети, Касами, Села во шестката. Николовски и Дурловски се оние со кои се шпекулира за петката.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста