Партиите на Албанците наместо поддршка за Македонија во Резолуцијата сакаат да ги „подметнат„ своите барања

Наместо да се обединат околу македонските црвени линии и да ја прифатат Резолуцијата за национално обединување,  албанските партии не попуштаат. Ако по средбите во Собрание демонстрираа воздржаност, ден потоа на мегдан ги ставија своите позиции – бараат отворање на Уставот и вметнување на албанските позиции.  Лидерот на Алтернатива Африм Гаши радикално бара македонските партии – да предложат и резолуција, со која, ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот.

-По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство“, вели Африм Гаши .

ДУИ пак преку министерот за надворешни работи Бујар Османи бара процесот да почнел од почеток оти вака напишан документот – бил најголема државна грешка.

-Државата, никогаш,  не била вака едногласна,  а најголемата грешка, што можела да се направи сега, е –  државната позиција, која има кредибилитет пред светот, некој сега, да ја претвори повторно во етничка.. Ако треба да се донесе некаква резолуција, тоа, треба да биде производ на сите, вели Османи.

И додека Османи бара усогласување на текстот, првиот вицепремиер Артан Груби ги открива вистинските барања на ДУИ. Во документот на ВМРО-ДПМНЕ да бидат вметнати и албанските интереси, онака како што досега биле вметнати во останатите резолуции кои биле усогласени.

-ДУИ веќе 20 години ги застапува интересите на Албанците, Македонците и на сите граѓани и затоа денес сме во НАТО и на чекор до ЕУ. Бараме само текстот да биде усогласен со сите парламентарни партии, што е претходна пракса при усвојување на вакви Резолуции и да не претставува дополнителна пречка во билатералниот спор,вели Груби.

ДУИ да ги надмине милитантски однесувања и еднаш да застана е на иста страна со Македонците – порачува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју и остро реагира на одлуката на интегративците да не ја поддржат Резолуцијата за национално обединување. А пратениците денеска повторно побараа национално обединување и од Собрание.

СДСМ како дел од владејачкото мнозинство контра коалиционите партнери веќе најави прифаќање на Резолуцијата онаква како што е првично објавена. Поддршка најавија и ДОМ, ЛДП и Демократски Сојуз.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста