Парадокси: Текстилна работничка самата бара отказ за да го добие неопходното здравствено осигурување

Развод  е единственото решение на текстилната работничка Силвана Димитрова вработена во штипската конфекција „Алкон-текс„ за да го спаси сопругот кој под итно треба да се оперира. Ваква сугестија добила од административци откако ги  прашала како да го реши проблемот со здравственото осигурување, кое три месеци го нема бидејќи газдата ниту им плаќа, ниту пак им дава отказ.

  „Не е правен операција, бидејќи немам отказно решение. Отидов во социјалното и ми рекоа дека единствено треба да се разведеме, бидејќи тој го користи моето осигурување. Така на тој начин ќе може да се пријави под заводот и да има здравствено осигурување„-вели Силвана Димитрова, вработена во конфекцијата „Алкон-текс„.

Истата голгота ја поминуваат и нејзините колешки на кои од вчера им заврши принудниот одмор од три месеци. Утринава се собраа во дворот на фабриката барајќи си ги платите за април,мај и јуни, но и да им се даде отказ од деловни причини.

   „Ова што ни го направија многу лошо. Изненадно не испратија на одмор, а потоа на принуден одмор со 70%. Ништо не ни е исплатено,ни придонеси,ни здравство„-изјави Убавка Јосифова

  „Секој ден ме бараат од банката за да ги платам кредитите. Три месеци без плата. Јас имам кредит 6000, а сопругот 9000.Со што да платиме“-изјави Ленче Милановска

Веќе втор ден газдата ги игнорира работичките. Тие не знаат  што  по завршувањето на принудниот одмор, па поради тоа беа принудени да повикат и инспектори од Државниот трудов инспекторат за да  направат записник со евиденција на сите  што се јавија на  работа

 „Без никакво образложени што ќе се случува понатаму, без да им понудат решеније. Треба да ни дадат отказ од деловни причини за да  можеме некаде да работиме или да се пријавиме во Агенцијата за вработување„-изјави Бисера Кафтанова

Формата префрлање на капиталот од една во друга фирма како што е случајот периодов е зачестена, алармираат од „Гласен текстилец„ барајќи УЈП, ОЈО  соодветно да реагираат за да се спречи понатамошната манипулација со работниците.

   „Вие да немате здравствено осигурување во време на здравствена криза, не знам дали нормална држава тоа би го дозвоила, а велиме дека ќе одиме во ЕУ! Ова не би се случило во ниту една правна држава- изјави Кристина Ампева од Гласен текстилец

Како за работниците, така и за медиумите сопственикот на згаснатата конфекција „Алкон-текс„која се наога во истиот објект каде што сега е лоцирана новата конфекција , не беше достапен за коментар.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста