Пановски за Алфа:Стартот на учебната година да се одложи – следните месеци не очекува лошо сценарио

Учебата година треба целосно да се пролонгира за следната година бидејќи ковид состојбата во Македонија за брзо време нема да се стабилизира – вели за Алфа микробиологот Никола Пановски.

“Особено ќе биде опасно во следните месеци Ноември, Декември Јануари и Февруари па и Март. Децата нема тогаш да излегуваат надвор но ќе се собираат во затворен простор. Ако децата се држат во зимскиот период ќе биде опасно.” – вели доктор Никола Пановски – микробиолог.

Датум за старт на учебната година нема, само делумни протоколи и одлуки. A низата неодговорени прашања на учениците и родителите се уште по “вжештени”. Студентка во Холандија пред камерата на Алфа вели дека инстиуциите се со многу празни идеи а малку решенија.

“Што и да одлучат мора да биде подобро обработено..затоа што сега има идеи а ниедна не е до крај..нема целосен план…што мислам дека нема да функционира.” – вели студентка од Холандија за Алфа.

Средношколците поделени со мислењата, на дел им недостига училиштето, другите би останале дома.

И вратите на градинките не се знае кога ќе бидат отворени. Денеска требаше да се донесе одлука и за ова прашање, од Комисијата за заразни болести за Алфа велат одлуката требало да ја донесат од Министеството за труд и социјала.

Ања Василева