Пановски: Вакцинираните со „Синофарм“ ако не развијат антитела да се боцнат со вакцина од друг производител
Граѓаните кои по примена втора доза од кинескиот производител „Синофарм“ нема да развијат антитела би требало да примат и трета вакцина, но од различен производител“, смета микробилологот Никола Пановски. Сепак доктор Пановски апелира вакцинираните да не брзаат со проверка на нивото на антитела, бидејќи на оваа вакцина и било потребно подолго од два месеци за да содаде одбранбен механизам.
„Логично е ако не развиле од две дози, нема да развијат ни од трета доза. Зошто да не се даде некоја поефикасна вакцина кога ќе биде достапна на пазарот? Се разбира, кај нас кога би имало достапност би ги давале оние вакцини што имаат повисок степен на ефикасност и се надевам дека во иднина ќе биде така. Значи ревакцината може да биде со друга вакцина“, вели микробиологот, професор Никола Пановски.
Алармот за ефиканоста на „Синофарм“ го вклучи истражувањето на Институтот за медицински истражувања во Белград, кое покажало дека 20 отсто од ревакцинираните со кинеската вакцина не развиле антитела на корона: Според Институтот тоа биле претежно граѓани над 70-годишна возраст кои се во најризичната карегорија. Професорот Пановски, смирува, овие бројки се совпаѓаат со податоците на производителот дека кинеската вакцина создава заштита кај близу 80 проценти од имунизираните.
„Негде во март беше направено истражување, не од производителот туку од научни установи, и рекоа дека не е толку колку што кажува производителот и беше негде околу 76 проценти, различно во различно земји. Така да тоа во Србија е некаде околу 80 отсто ефикансост и повеќе отколку што беше објавено од производителот. Приближно тоа што и се ичекуваше од таа вакцина која за жал е толку ефикасна колку што е, а прилично скапа“, додава доктор Пановски.
Токму кинеската вакцина е онаа која предизвика најголем интерес за имунизација кај повозрасните граѓани. Овој податок со Алфа го споделија доктори што работат на вакциналните пунктови. Велат повозрасните најмногу и верувале на вакцината „Синофарм“ оти таа била произведена по вообичаен, и долги години познат принцип на производство на вакцини.
Во Македонија до сега вакцинирани се 220.000 граѓани, а интерес за имунизација изјавиле близу 400.000. Според најавите на надлежните во следните десетина дена во земјава треба да стигнат 100.000 вакцини на Фајзер преку Ковакс системот, како и 500.000 дози од кинескиот производител „Синовак“.
Биљана Божиновска