Пановски: Се гледа дека вакцината не штити од заразување, зошто тогаш на цел свет му требаат сертификати?

Над 19 илјади граѓани се заразиле од Ковид-19 во последните пет месеци иако биле целосно имунизирани. Ако се знае дека Од 6-ти август до 2-ри декември во Македонија со корона вирус се заразиле околу 60 илјади граѓани, една третина од нив имале примено две дози вакцина. За истиот период од починатите, 21 процент биле целосно вакцинирани. Дел од лекарите децидни дека вакцините не штитат од заразување, а нејасно е зошто за патување во светот се потребни сертификати за имунизација. Во Македонија проблемот го лоцираат во немањето кампања за вакцинација. Доктор Пановски за Алфа вели дека само преку кампања македонските граѓани ќе бидат навремено и точно информирани за позитивните но и негативните ефекти за сите вакцини.

Самото вакцинирање на спречува заразување, бидејќи ако 30 проценти се вакцинирани а инфицирани, сега дали се заболени не знаеме, се сметаа сите за позитивни, претпоставувам се со полесна клиничка слика, а незнам точно колку од вкупното население, со самото тоа се гледа дека вакцината не штити од заразување па се поставува прашањето зошто не цел свет му требаат сертификати? Треба кампања за вакцинација, која не постои, освен неколку присилно да се направи задолжително што законот не го дозволува.. Не ми е јасно зошто не постои кампања за ефикасноста на вакцината во намалување на хоспитализации или смртни случаи? Тука има податоци. И зошто не кажат отворено која вакцина колку штити?- прашува Пановски.

Во меѓувреме, новиот сој на Ковид-19, Омикрон, кој е многу по инфективен од Делта, е веќе регистриран во соседството, а македонските власти немаат никаков протокол како ќе ги заштитат граѓаните. Доктор Пановски не очекува да преземат нешто бидејќи ако се спореди и со летниот период кога опасниот  Делта-сој беше широко распространет низ светот, македонските граници беа отворени без никакви протоколи. Тој предлага учениците да се префрлат на онлајн настава пред празниците по пример на други земји.

Јас би преземал мерки, еве сега на две нели од католички Божиќ,православен, распуст на децата и да се редуцира и јавниот превоз, затоа што нема да одат учениците во школо, ќе бидат онлајн две недели. Нема тоа да биде распуст, во некои земји две недели ги пуштаат. За овој период кога се тие слави, да се ублажи сегашниот сој или тој што ќе дојде вели Пановски.

Омикрон е регистриран и во Хрватска, каде денеска се потврдени два нови случаи. Омикрон прво беше откриен во Грција,  и за се прошири на европско тло. Од СЗО, велат дека според првичните информации лицата заразени со овој сој обично имаат поблага форма на болеста.

Викторија Миткова

Advertisements