Панихида за Павел Шатев во Битола

Седумдесет години од смртта на Павел Шатев, големиот македонски револуционер, гемиџија и прв министер за правосудство во Република Македонија, денеска се чествуваа пред неговото вечно почивалиште во Светонеделските гробишта во Битола, од активисти на ВМРО ДПМНЕ и други граѓани и патриоти.

Човек кој што се занимавал со револуционерни активности и дела, човек кој што бил гемиџија, пратеник во Собраниео, министер во Владата, со своите активности го задолжи нашиот народ да му дава вечен помен на неговото дело. Затоа денес ние сме тука за да ја потсетиме целата јавност, дека Павел шатев е еден од најзаслужните дејци за слободна македонска држава – рече  историчарот Александар Јаневски.

Павел Шатев, со својата 45- годишна револуционерна борба, политички ангажмани и публицистички трудови, остави неизбришливи траги во македонската историја. Почина во Битола на 69 години, во целосна изолација и постојано следен и под надзор на УДБА, откако претходно падна во немилост на тогашната  власт. Една од неговите вонвременски мисли е- “Идеалот на Mакедоноцот е создавање на една татковина, одделна македонска држава со македонска нација, со своја историја и со свој самостоен политички и културен живот“.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста