Пандев со Џенова триумфално во дербито дела латерна и сега е на само чекор од спас

Џенова славеше во 100-тото јубилејно дерби Дела Латерна со 2-1 и остана над линијата која опстанок во Италијанското Калчо значи.  Горан Пандев по подолго време ги одигра сите 90 минути и немаше ефект во смисол на гол или асистенција, но беше исклучително пожртвуван за да дочека по четири години неговиот тим да слави кај градскиот ривал Сампдорија. Овој триумф за Џенова во голема мера треба да значи опстанок иако по победата на Лече над Бреша од 3-1 разликата остана достижни четири бода во преостанатите три кола. Во нив Џенова има дуели дома со Интер и Верона и гостување кај Сасуоло, а Лече оди кај Болоња и Торино, па го пречекува Удунезе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста