Пандев и Џенова играат со Сампдорија и можат да се приближат до опстанок

Горан Пандев и Џенова вечерва имаат градски дуел со Сампдорија во кој влегуваат релативно комотно во однос конкуренцијата во борбата за опстанок иако не е се решено околу нивниот статус  во Серија А и тој не е заклучен. Тимот на нашиот капитен има 4 бода пред Лече кој е 18-ти и во зоната за испаѓање, па ако Џенова слави ќе ја одржи предноста која може да биде клучна. Од друга страна Лече игра со претпоследната и не многу заинтересирана Бреша и нема да биде чудно да дојде до цел плен, а ако дочека Џеновјани да не победат, ќе има приклучок за последните три кола. Секако има и крајно позитивно сценарио за нашиот репрезентативец. Тој да победи, Лече да загуби, па разликата да стане седум бода. Инаку Пандев вчера за италијанските медиуми рече дека за него идеален крај на сезоната би било да стаса до 10 гола и до опстанок на екипата.

Advertisements