Пандемијата “загадува” европски реки

Еколозите предупредуваат. Големи европските реки се полнат отпад, а со најголем процент се застапени заштитните маски и ракавици како резултат од зголеменара употреба за време на пандемијата со Ковид – 19.

Меѓу загадените реки се Темза, Елба, Рајна, Сена, Ебро, Рона, Тибар, Гарона, Лоара и други.

Заштитните маски и ракавици во изминатите неколку месеци во огромни количества се користат за заштита од коронавирусот. Но, тие, исто така, во огромни количества завршуваат во најмалку седум од поголемите европски реки, изјави портпаролката на еколошката Фондација „Тара“, Роми Хентингер.

– Научниците од лабораториите со кои соработуваме, пронашле маски и ракавици на брегот на седум реки при земање примероци во јуни годинава. Тоа загрижува поради натамошниот тек, оти можеме да заклучиме дека други веќе стигнале и во морето – рече Хентингер за француското радио Франс интер.

Според стручњаците, маските бргу се разложуваат. Но, во научна експедиција спроведена лани, востановено е присуство на микропластика во огромен дел од водите низ Европа.

– Тоа е она што долго време не се разградува ни во морето – смета капетанот на пловечката научна мисија, Мартин Ерто.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста