Пандемијата не попушта, а амбицијата за брзи избори доминира кај власта

Корона кривата зголемена за 100% во однос на вчера – а власта се трка за избори по секоја цена и смирува дека се е под контрола. За последното  деноноќие регистрирани се 40 новозаболени од Ковид 19, и еден смртен случај.Бројките никако не зборуваат во прилог на оддржување на избори предупредува д-р Синиша Стојановски. Тој алармира дека брзите избори се ризик.

“Јасно е дека треба да поминат најмалку две недели од последниот регистриран случај  и уште две недели дополнително без регистриран нов случај на корона за да воопшто можат да се започне да се размислува за подготовки во организирање  на вакви настани.И тоа не е мое мислење тоа е мислење на светските кесперти.” – вели Синиша Стојановски за Алфа.

Наместо избори неопходен е итен и темелен скрининг на населението за полесно да се стабилизира епидемијата предупредува д-р Стојановски за Алфа.

“Стратегијата  зa масовен скрининг се покажа како успешен во повеќе земји.За жал според информациите кои ги имам јас не сум добил податок дека кај нас тоа се спроведува” – тврди  д-р Стојановски.

Стојановски тврди дека владиниот протокол за изборната кампања не гарантира безбедност кај гласачите, доколку се одлучат да гласаат.

“Дали вие би отвориле врата во оваа ситуација кога прво не знаете кој ќе ви тропне на врата, а второ самата бројка на пацинети односно новорегистрирани случаи – кажува дека потенцијално  секој може да биде носител и позитивен на коронавирус.”  – вели д- р Стојановски.

Анкетите велат дека мнозинството се против брзи избори. Тоа значи слаба излезност ако по секоја цена се оддржат. И одговара ли на власта индиректно да им се ограничи правото на граѓаните да излезат на гласање?

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста