Пандемијата на Ковид 19 освен на физичакото удри и врз менталносто здравје

Пандемијата на Ковид 19 освен на физичакото удри и врз менталносто здравје. Вознемиреност, страв, осаменост и слични симптоми чувствуваат многумина.  По вчерашното самоубиство на 60 годишниот скопјанец кој беше позитивен на ковид 19, во јавноста се поставува прашањето како да се задржи во позитива психичката состојба на луѓето, осбено на оние кои се заразени или имале блиски релации со нив.

Според психолозите, појавата на анксиозност кај сите луѓе е честа појава, посебно за време на самоизолација.  Притоа лицата кои имаат психичка слабост особено тешко го поминуваат овој период, поради што им е потребна и стручна помош.

“Ограничувањата и ваквиот тип на мерки што навистина се задолжителни во цела оваа ситуација секако влијаат на психичката состојба на луѓето и тоа најчесто е во две насоки. Стануваат анксиозни, или правилно го организираат времето” – вели за Алфа психологот Вида Гаврилоска.

Стравот од пандемијата се шири низ целиот свет. Насекаде се бара помош од стручни лица за подобру

“Слушаме многу луѓе кои велат дека се чувствуваат осамени, вознемирени и исплашени, а повиците за самоубиства се зголемени. Историјата покажува дека во време на криза, се зголемуваат проблемите поврзани со менталното здравје” – велат од Национална алијанса за ментални заболувања во САД

Психолозите советуваат подобро да се организира времето во самоизолација, а веќе дијагностицираните да побараат помош на отворените линии за психолошка поддршка на граѓаните.

Моментално има неколку отворени центри кои се достапни за психолошка поддршка на граѓаните, меѓу кои Комора на психолози и Психијатриска клиника.

Вчера се случи првото самоубиство на човек заразен со Ковид 19 во Македонија, кој бил дијагностициран посмртно. Според наши неофицијални податоци, починатиот наводно барал да се тестира претходно. Живеел сам, а се уште не е утврдено дали бил во самоизолација.

Адријана Алексиеска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста