Пандемијата „изеде“ 6.783 текстилни работници, стопанството алармира дека ситуацијата е лоша

Без конкретни мерки кои ќе ја спасат економијта, Макдонија може да остане без текстилна индустија. Од секторот кој некогаш вработуваше илјадници луѓе, алармираат дека состојбата е критична и се соочува со сериозни загуби. Фабриките работат со преполовен капацитет, односно со 30% од работниците, вели за Алфа Маријана Перковска од „Текстилниот кластер“. Ако државата не преземе конкретни чекори и мерки кои ќе го ублажат ударот, Перковска вели дека можно е да останеме без текстил.

  • Ние работиме повеќе од работниците и едвај опстануваме, може да Македонија да остане и без текстил, многу е лоша работата, верувајте ми, сегашниот начин на работа нѐ прави многу понеконкурентни во однос на опкружувањето, а за можноста за директно покачување на платите како резултат на подолгото работно време нема никогаш да дојде, порача Маријана Перковска – претседателка на Текстилниот кластер.

Дека ситуацијата е и повеќе од загрижувачка, покажува анализата на Здружението за истражување и анализа дека текстилната индустрија изгубила 6.783 работници за време на пандемијата. Според последните податоци, бројот невработени во 2020 во однос на 2019 се зголемил за дури 128%. Највисок пораст на невработеноста има во Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово, каде текстилната индустрија беше и најразвиена.

Перковска додава дека ситуацијата била и повеќе од тешка, зашто македонските текстилни фабрики работеле со послените сили. Вакво време, вели овој сектор не паметел до сега.

  • Конкретно, во 2020 година има 6783 нови невработени лица. За споредба, во 2019 година имало 2971. Истовремено, процентот на невработеност кај младите е значително повисок во однос на останатите години. Дури 15 проценти од младите учествуваат во невработеноста. 

Она што дополнително загрижува е дека кај младите до 29 години, бројот на невработени се зголемува.  Овој сектор не единствениот кој се соочува со сериозни загуби. Пандемијата нанесе големи штети врз сите бизниси, но најпогодени се туристичките работници и угостителството. Според статистиката, само лани, Коронакризата остави без работа над 25.000 лица.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста