Пандемијата „изеде“ 18.000 работници, само во февруари близу 1.000 луѓе останаа на улица

Речиси 1.000 луѓе останаа на улица без работа за само последниов месец, покажуваат најновите податоци од Агенцијата за вработување. Во февруари бројот на невработени достигна скоро 160.000, а отпуштени поради пандемијата се над 18.000.

Во моментов, Агенцијата за вработување брои вкупно 159.608 невработени. Меѓу нив најмногу се од Скопје, 31.293, во Тетово 20.781, потоа во Куманово 16.585, во Гостивар 11.765, во Битола 6742, во Штип 4468. Најголем број од невработените се на возраст меѓу 55 и 59 години.

Државата одвои 24,5 милиони евра, пари, со кои приоритет за вработување ќе имаат прво отпуштените поради кризата, но и  лицата кои прифаќаат на различен етникум.

Дека ситуацијата е и повеќе од катастрофална, покажува состојбата во текстилната индустрија која душе на шкрги. Само лани на улица останале 3.000, а нa 20% од работниците им се закануваат отпуштања, алармираар текстилните работници.

Димитров вели дека фабрики или не работат или работат со намален капацитет, а поради немањето работа, компаниите очекуваат пад на продажбата за 50% и откажување на нарачките. Текстилната и индустријата за облека во вкупното индустриското производство учествуваат со близу 13%, вработуваат над 37.000 работници и опфаќаат околу 10% од извозот на земјава. 

  • Моменталната сутуација според проценките и секојдневните контакти со текстилните компании, кои се базирани на најавите на странските купувачи, за следниот период се очекува намалување на продажбата на производите кое би се движело помеѓу 40 отсто до 50 проценти во однос на претходните години. За исто толку би се намалиле и нарачките од странските партнери, рече Димитров.
  • Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи. Затоа, ги повикувам пратениците и од власта и од опозицијата партискиот интерес да не го ставаат на прво место, туку интересот на државата, економијата и граѓаните, истакна Димитров.

Дополнителен проблем на приватните фирми е државната помош за исплата на платите за февруари и март, зашто Собранието се уште го инема изгласано законот. Седницата е закажана за 23 март.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста