Палевски: Активисти на „Бојкотирам“, новинари и политичари биле следени во операцијата „Атлантик“

Шест месеци пред референдумот за промена на името на државата, биле прислушкувани и следени новинари, политичари и активисти на движењето „Бојкотирам“ во операцијата со кодно име „Атлантик“ . Истите се товарат со тешки обвинувања за домашен терорирам и македонски екстремизам, открива денеска Љупчо Палевски.  Според него се било документирано во предмет од 1.400 страници.. Палески одлучил да го сподели ова со јавноста бидејќи, како што вели, дел од нив веќе не можеле да го издржат притисокот.

  •  Тоа прислушкување може да трае и денеска. Врз основа на формално-правната предистрага насловена како „Атлантик“ ниту еден активист на „Бојкотирам“ не е повикан во ниту една правосудна институција на Република Македонија, барем да ни побраат една изјава дека подготвуваме тероризам, како македонски екстремисти. До ден-денеска верувам дека и за овие избори кој било полицаец, со еден обвинител послушник може да отворат предистрага и може да побраат потписи, согласност на судија во претходна постапка. И можат кого било и каде било да го слушаат, следат и да му ја нарушуваат приватноста – истакна Палевски.

Во овој предемет, според Палевски освен него прислушкувани се Стевче Јакимовски, новинарот од „Инфомакс“ Александар Митовски, Солза Грчева, Христијанско братство,  Јанко Бачев, Сотир Костов, Розијана Новоселска и нејзината фирма.

  • Во тој момент кога сум бил следен и прислушкуван сум немал сознание дека сум следен и прислушкуван, сега прв пат и јас ги видов овие докумнти. Искрено, и не сум изненаден бидејќи начинотна владеење на оваа политичка структура е јасен. Пазете тие мене ме прислушкуваат под предмет терорирам и екстремизам. Ако некој е терорист во оваа држава, тоа е самата држава, која ги тероризира граѓаните. Вие знаете ли што значи во слободна држава да прислушкувате некој што си ја работи својата работа и има свој став? Во моментов имам сознание дека повторно сум следен и повторно ми се прислушкуваат моите телефонски разговори-вели Александар Митовски-Инфомакс.

Палевски го посочи техничкиот премиер Оливер Спасовски како најдоговорен за следењето на активистите на „Бојкотирам“, зашто тогаш бил министер за внатрешни работи. Палевски бара заштита од делегацијата на ЕУ и од американската амбасада.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста