Пакистан тестира балистичка ракета со голем дострел

Пакистанската армија соопшти дека тестирала балистички проектили со голем дострел кои можат да носат нуклеарна боева глава.

Како што се наведува во соопштението на пакистанската војска, станува збор за балистичка ракета „Шахин 2“, која има дострел околу 1.500 километри.

Ракетата паднала во Арапско море.

Пакистанската војска ова го објави по завршувањето на општите избори во Индија, со која Пакистан има спор првенствено поради Кашмир.