Падна и член на Советот на јавни обвинители, и Мемети осомничен за поткупот со врховниот судија Георгиев

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на Иџет Мемети членот на советот на обвинители , и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. 

Сомнежот е дека истиoт заедно со осомничениот судија Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалник кој е во притвор.

Иџет Мемети важи за близок до политичка партија од албанскиот политички блок, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.

Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )