Пациентка на неврохирургија со два негативни теста наместо да се оперира, се заразила со ковид во болницата

“Јас татко ми и брат ми бевме на Клиниката за неврохирургија да потпишеме за операција, излезе медицинска сестра и ни кажа дека пацинетот одбива операција. Пацинетот не е доволно свесен за да одбие, затоа ние сме тука да потпишеме за операцијата, а потоа не информираа да си ја земеме пацинетката дома, но ние одбивме. Мајка ми не знае ни како се вика ни која година е родена ни каде живее.По наше инсистирање пацинетка остана, после пак ни јавија да потпишеме и таму и правеле тест излегол негативен. Вчера пак ни кажаа да ја земеме затоа што е позитивна на ковид тест. Јас прашав: како може да ја однесеме со една болест а да ја земеме со две болести? Она беше со два негативни теста а третиот позитивен..како да ја земам јас? Значи она е заразена во болница…” – вака изгледа гoлготата низ која пацинетка од Тетово и нејзините најблиски ја преживуваат со денови на Клиниката за неврохирургија и се борат за нејзиниот живот.

Нејзиниот син Жарко Трајковски јавно за Алфа раскажува за нејзиниот како што вели, лош третман.Но и дека на маса им било оставено отпусна листа во која наводно тие и нивната мајка која е во полусвесна состојба, се согласиле да оди на домашно лекување, што според тврдењето на семејството не е точно и дека на такво нешто никогаш не се сложиле.

“Во отпусната листа пишува дека пацинетот одбива за операција. Како може кога семејството односно ние, знаевме дека таа оди на неврохирургија, како ние сме одбиле а одиме да потпишеме за да се оперира?“ – раскажува за Алфа Жарко Трајковски, син на пациентката.

По овие пеколни денови за семејството Трајковски, пацинетката сега е хоспитализирана во ковид центарот на Клиниката за неврологија. А претходно пак, од Клиниката за неврохирургија состојбата ни ја објаснија малку поразлично.

“Откако се усогласија ставовите помеѓу пацинетката  и нејзиното семејство за да се направи операција, се напрви предоперативен ковид тест кој што беше позитивен. Од страна на неврохирургот и беше посочено на пацинетката дека треба да се јави во локален ковид центар и потоа да се врати за операција.” – велат за Алфа од Клиниката за неврохирургија.

Семејството Трајковски и натаму останува во борба за спас на животот на мајката и меѓудрогото молат за итна помош од надлежните.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста