Пациентите со Хепатит во земјава се единствени во Европа без пристап до соодветна терапија

Пациентите со Хепатит заборавени од државата. Алармираат оти земјава е последна во Европа по достапноста на нови лекови, кои кај нас се уште ги нема на позитивната листа. Од здружението Хепар Центар велат оти над 20.000 пациенти со хроничен Хепатит Б и Ц се уште се лекуваат со медикаменти стари 20-тина години. Добиле ветување од министерот Филипче оти новите генерации на лекови до крајот на годинава ќе се најдат на позитивната листа, но тоа не се случило. Прашуваат и што стана со буџетите на болниците за третирање на пациенти позитивни на Хепатит?

На оваа тема разговаравме со Милан Мишковиќ од „Хепар Центар“

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста