Пациентката од Дебар на апарати за дишење, девет лица се тестираат

Се чекаат резултатите на девет нови лица со симптоми на корона вирус. Шест се од Дебар, еден странец и двајца кои се вратиле од новото жариште на корона вирусот – Шпанија. Примероци се земени од епидемиологот од Дебар, како и од техничарот кои ги земале брисевите на заболените. Во меѓувреме, влошена е состојбата на првата пациентка од Дебар од утрово е на апарати за дишење таа е на 66 годишна возраст и е со хронични заболувања. 15-годишно момче е едно од  4- цата ново заблоени пациенти од Дебар и според министерот за здравство тие имаат лесна форма на болеста.

Во моментот во државата реегистрирани се вкупно 12 заболени од коронавирус. На Инфективанат клиника се наоѓаат 8 пациенти, (без правата која не е веќе инфективна), а во овој момент се очекува да бидат донесени четворицата новозаболени од Дебар, меѓу кои има 15 годишно момче” – информира Венко Филипче,министер за здравство.

Во аптеките во главниот град нема маски и дезинфекциони средства.Надлежните креваат раменици, велат – дополнително ќе излезеле со информации.

Знаевме за недостаток за медицински алкохол,заради таа нова административна тура воведена после нова година.Па се уште се трошеа залихите од претходно и затоа укажавме дека може да се користи и пропил-алкохол за дезинфенција. – вели министерот Филипче.

Нема нови случаи во изолација во Скопје и луѓето што се во карантин се оние што беа на симпозиумот, најблиските, пациентите и колегите на сега веќе разрешената директорка, Биљановска на клиниката за Кожни болести.

Ања Василева

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста