Овие два симптоми можат да значат дека сте заразени со делта сојот

Инфекцијата со новиот делта сој многу повеќе потсетува на обична настинка кај младите луѓе. Главоболката и течењето на носот во моментов се најчести симптоми, кои може да се јават и заедно со воспалено грло.

Раководителот на новата британска студија, проф. Тим Спектор наведува дека инфекцијата со новиот делта сој многу повеќе потсетува на обична настинка кај младите луѓе, па иако човек нужно не мора да се чувствува многу лошо, сепак, може да ја прошири инфекцијата и да изложи други лица на ризик.

Тој советува дека секој што има симптоми мора да направи и тест.

Познати и вообичаени симптоми на болеста Ковид-19 се кашлица, температура, губење на вкус и мирис. Спектор посочува дека гореспоменатите симптоми се поретки, судејќи според податоците собрани од неговиот тим од илјадници луѓе кои ги пријавиле своите симптоми во посебна апликација.

„Од почетокот на мај ги следиме симптомите на корисниците преку нашата апликација, а симптомите не се исти како што беа“, додаде тој.

Ако сте млада личност, сигурно ќе имате благи симптоми како што се течење на носот и главоболка, но и во овој случај треба да останете дома и да се тестирате

„Се чини дека оваа варијанта делува нешто поинаку“, истакнува проф. Тим Спектор, додавајќи дека луѓето може да помислат дека се работи за сезонска настинка.

Додека треската останува еден од симптомите, губењето на вкус и мирис не се јавува во првите 10 симптоми, а главоболката и течењето на носот во моментов се најчести симптоми, кои може да се јават и заедно со воспалено грло.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста