Оваа година патувањата во странство ќе се намалат за 70%

Ситуацијата со корона вирусот ќе влијае на одлуките на луѓето дали, како и каде ќе патуваат. Туристичките агенции во неизвесност. Во исчекување на протоколот кој треба да се подготви за тоа како ќе функционираат патувањата во странство, проценуваат  дека оваа сезона истите значително ќе се намалат.

Оваа сезона ке се намалат патувањата во странство дури до 70 %, додека пак домашниот туризам ќе се зголеми за 90%, граѓаните ќе ги посетуваат домашните македонски дестинации, бидејќи трошоците за одење во странство ќе бидат значително поголеми – вели Емил Димитриовски, претседател на Стопанска комора за туризам.

Инаку Србија минатата недела ги отвори своите граници, а за влегување во земјата не е потребен негативен тест на коронавирус ниту посебна дозвола за домашни и странски државјани.

Во Босна и Херцеговина е укината мерката на самоизолација по влегувањето во земјата, но влегувањето на странски државјани е можно само во случај за бизнис активности или доколку станува збор за семејства на починати.

Грција постепено ќе го отвора туризмот од 15 јуни, првично за земји кои имаат слични епидемиолошки податоци и правење тестови по случаен избор. Нема да биде потребно да се тестираат сите кои одат во оваа земја.

Адријана Алексиеска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста