ОТВОРЕНО ПИСМО НА ДОКТОРСКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЗА ПОДДРШКА НА КАМЧЕВ

ЛЕКАРСКИОТ ТИМ НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА АЏИБАДЕМ СИСТИНА, КОЈА Е ДЕЛ ОД НАЈГОЛЕМАТА ГРУПАЦИЈА НА БОЛНИЦИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА –  ИСПРАТИ ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ЗА ПОДДРШКА НА НИВНИОТ ГЛАВЕН МЕНАЏЕР ЈОРДАН КАМЧЕВ. ВО ПИСМОТО ГИ НАВЕДУВААТ СИТЕ НЕГОВИ ПРИДОНЕСИ ЗА БОЛНИЦАТА, ЛЕКАРСКАТА ФЕЛА ВО ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ОСОБЕНО ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД КРИЗАТА. -,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА’’ Е БОЛНИЦА КОЈА ВРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД 1100 ЛУЃЕ, КОЈА РАСПОЛАГА СО НАЈРЕНОМИРАНИОТ ТИМ ОД 200 ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ, САМО ВО ТЕКОТ НА 2020 ГОДИНА ИНВЕСТИРАШЕ БЛИЗУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА СО ШТО НЕЈЗИНИОТ ИМИЏИНГ – ДИЈАГНОСТИЧКИ ЦЕНТАР  ОПРЕМЕН СО НАЈНОВИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО ДИЈАГНОСТИЧКА ОПРЕМА КОИ НУДАТ КВАЛИТЕТНА, БРЗА И ПРЕЦИЗНА УСЛУГА НА ПАЦИЕНТИТЕ. БОЛНИЦАТА ГИ ОТВОРИ И ВРАТИТЕ ЗА 100 СТУДЕНТИ, ПОТЕНЦИЈАЛНИ ДОКТОРИ НА КОИ ИМ ОБЕЗБЕДИ ПРАКСА СО ВРВНИ УСЛОВИ И МОЖНОСТ ДА УЧАТ ОД НАЈДОБРИТЕ ДОКТОРИ ВО НАЈГОЛЕМАТА И НАЈСОВРЕМЕНА ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО ЗЕМЈАТА. ГИ ПОДДРЖУВААТ ИСНТИТУЦИИТЕ ВО ПРАВНАТА РАЗВРСКА НО ВЕЛАТ ПРЕСТРОГАТА МЕРКА ПРИТВОР ЗА КАМЧЕВ СЕРИОЗНО ГО ПОПРЕЧУВА РАБОТЕЊЕТО И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА БОЛНИЦАТА. БАРААТ ДО ДОНЕСУВАЊЕТО НА СУДСКИТЕ ОДЛУКИ ЗА КАМЧЕВ ДА СЕ ЗЕМАТ СИТЕ НЕОПХОДНИ ФАКТИ ВО ПРЕДВИД СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ НЕГОВА НЕОПХОДНА ПРИСУТНОСТ ВО АЏИБАДЕМ СИСТИНА. 

-. Г-ДИНОТ КАМЧЕВ ПОКРАЈ ТОА ШТО Е ДВИЖЕЧКА СИЛА И ПОДДРШКА НА СИТЕ ПРОЕКТИ ВО БОЛНИЦАТА ТОЈ Е И МОТИВАЦИЈА ЗА СИТЕ НАС КОИ СМЕ ДЕЛ ОД ТОЈ ТИМ. СО ОГЛЕД НА ТОА, ТЕКОВНАТА СИТУАЦИЈА ПОВРЗАНА СО Г-ДИНОТ КАМЧЕВ НЕМИНОВНО ВЛИЈАЕ И НА СИТЕ СЕКОЈДНЕВНИ АКТИВНОСТИ И СЕРИОЗНИ ПРОЕКТИ КОИ ТОЈ ГИ ИМА ИНИЦИРАНО И СО КОИ РАКОВОДИ ВО КБ ,,АЏИБАДЕМ СИСТИНА’’ . ВО ТЕК СЕ МНОГУ ГОЛЕМИ ЧЕКОРИ КОИ ТОЈ ГИ СПРОВЕДУВАШЕ, А ДОКАЗ ЗА ТОА Е ДЕКА САМО ЕДЕН ДЕН ПРЕД НЕГОВОТО ПРИВЕДУВАЊЕ ПО НЕГОВИ НАСОКИ, СОГЛЕДУВАЈЌИ ГИ СЕРИОЗНИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРАЃАНИТЕ, ИТНО И ВОНРЕДНО БЕШЕ ПРОШИРЕН КАПАЦИТЕТОТ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА КОВИД – ПАЦИЕНТИ ВО БОЛНИЦАТА, СО ШТО ПОКРАЈ КОМПЛЕТНО ОПРЕМУВАЊЕ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА НОВИОТ, ДОПОЛНИТЕН КОВИД ЦЕНТАР СЕ РЕАЛИЗИРАА И НОВИ ВРАБОТУВАЊА НА МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ – ДВАЈЦА СПЕЦИЈАЛИСТИ ИНФЕКТОЛОЗИ, ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА ИНТЕРНА МЕДИЦИНА,  ПЕТ ДОКТОРИ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА И НОВИ 15 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, СТОИ ВО ОТВОРЕНОТО  ПИСМО ОД ДОКТОРИТЕ НА АЏИБАДЕМ СИСТИНА.

Поврзани вести