Отворена можност за злоупотреба на пописот во кампањата за изборите

Пописот на населението ќе биде злоупотребен во политичката кампања во пресрет на локалните избори, сметаат дел од аналитичарите, коментирајќи дека се поверојатно е дека двете операции во еден момет ќе се преклопат и ќе се одвиваат во исто време. Заев и Мицкоски договорија дека изборите треба да се одржат во втората половина на окотмври, додека пак на лидерската средба кон крајот на мај се согласија дека пописот ќе биде одложен за деновите меѓу 5-ти и 30-ти септември.

Познавачите на оваа проблематика велат дека ова може да претставува проблем, оти во Македонија речиси се се политизира.

Секако ќе се политизира во кампањата пописот, тоа е политичко прашање кај нас многу одамна, затоа и не се направи сите овие години. Жал ми е што не се прават повеќе подготовки сега за пописот кога веќе се одложи сега, а знаеме и зошто се одложи. Пак главната причина беше политичка, и пописот на дијаспората кој почна да се прави и тече, но во овој период со намален интензитет …..рече Александар Кржаловски – МЦМС.

Решение, барем целосно да не се исполитизира пописот за добивање политички поени во време на кампања има, само треба добро да се договорат датумите за почеток на операциите.

Се очекува пред летните одмори, пратениците во законодавниот дома да го утврдат терминот за кога ќе се бираат градоначалници, а истото треба да го сторат и во  ДИК согласно изборниот законик. Неофицијално за одржување на локални избори во игра се трите последни викенди во октомври.

Advertisements