Отворена истpага за паралелен увоз на лекови во веледpогеpијата Пановски

Како што пренесуваат медиумите, попладнево полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР се во веледрогеријата Пановски со налог за наоѓање и одземање на документација за увоз на лекови.

Истрагата е насочена кон паралелниот увоз на лекови, а се опфатени и други веледрогерии кои се увозници на лекови.

Обвинителството за гонење на организиран криминал кое е надлежно за случајов, проверува дали се увезувани фалсификувани лекови кои се дистрибуирале во јавното здравство, со посебен акцен та увозот од Турција.

Надлежните појаснуваат дека ова е предистрага која е започната пред повеќе од една година, а активностите кои ги презема полицијата се по нивна наредба.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста