Отворена е истрага за убиството на Орхан Бајрами-Oки во Ханиоти, осомничен е 33-годишен маж од Македонија
Скопското обвинителство, отвори истрага за убиството, на, Орхан Бајрами – Оки, еден од водачите, на криминалната група „Дуќанџик“, кој беше убиен, минатата година, во Ханиоти, во Грција. Oсомничено е, едно лице, за кривично дело убиство, како и, за неовластено изработување, држење, посредување, и тргување со оружје, и експлозивни материи.
Според обвинителството, осомничениот, 33-годишник, на 15-ти јули, минатата година, во Ханиоти – Грција, заедно, со уште едно, засега непознато лице, со умисла, го убиле, сега покојниот Орхан Бајрами. По претходен договор, осомничениот, и неговиот соизвршител, пристигнале маскирани, во туристичкиот комплекс, каде била сместена жртвата, и се приближиле, до отворената, задна балконска врата.
Осомничениот, со пиштол, со пригушувач, испукал 11 куршуми, а неговиот соучесник, со пиштол, од ист калибар, уште 8 куршуми. Три куршуми, завршиле во телото, на сега починатиот, Орхан Бајрам. На почетокот на годинава, грчките медиуми објавија, дека, е идентификуван, убиецот на Оки и дека станува збор, за истото лице, што е осомничено за двојното убиство, што се случи, во март лани, во „Шиша Бар“, кога беа убиени Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов – Љаци, припадници, на истата група, и блиски соработници на Бајрами.