Отворен судир во власта-Пауновски контра Заев за рамковните вработувања, премиерот најавува разрешување

Ако премиерот не сака да ме разбере, нека ме разреши од функцијата. Јавната „војна“ за 35-те нови рамковни вработувања помеѓу директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски и премиерот Зоран Заев, добива нова димензија.  Откако Пауновски најави дека нема да ја испочитува наредбата да спроведе нови вработувања на позиции за кои не постои реална потреба ниту пак лицата се компетентни, Заев му врати ваквиот пркос на Пауновски бил доволна причина за негово разрешување.

Сепак директорот не отстапува, преку медиумите му испраќа порака на премиерот дека наместо работници за седење во канцеларија, им требаат луѓе за на терен.  

-Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница. Ми даваат 35 луѓе за во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а таму немаме потреба од нови вработување, туку имаме за во струмичкиот регион и во источна Македонија. Овие нови вработени нема да има каде да ги сместиме, нема место во канцелариите, пак ќе треба дома да седат. Нашата работа е на улица, на терен, а не во канцеларија, немаме потреба ние од администрација, порачува Пауновски.

Додека Пауновски со факти му укажува на премиерот дека кадрите се некомпетентни за функциите, Заев јавно јажува дека се спрема негово разрешување, не бил дозволив ваков пркос кон владата и нејзините одлуки.

-Очекувам да биде даден предлог за негово разрешување и тоа од Љупчо Николовски. Сметам дека постои основ за негово разрешување затоа што не може да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените. Пауновски е мој пријател, но ова е пркос којшто е недозволен, хиерархијата треба да е поставена и треба да функционира успешно“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Пауновски јавно кажа дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 административци од Министерството за политички систем. Од вкупното 1349 административци кои се распределени да влезат на работа во државни институции, 35 треба да бидат „вдомени“ во Државниот пазарен инспекторат и покрај немањето квалификации за работните места. 

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста