Отворање на Тинекс и Космо во East Gate Mall 29ти октомври

Компанијата Тинекс на 29ти Октомври во East Gate Mall ги отвора вратите на две нови продавници. Супермаркетот Тинекс е на површина од 2000м2 и е со нов концепт – комбинација од Тинекс маркет и Деликатесен Тинекс, со што ќе биде прв од ваков тип на супермаркет на компанијата. Во Супер Тинекс ќе биде достапен широк асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз, со што потрошувачите ќе имаат можност да вкусат прехранбени производи и пијалаци од различни краеви од светот. Во рамки на супермаркетот ќе има различни оддели како пиљара со богат избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје, органски производи, месарница снабдена со свежо телешко, јунешко и свинско месо, месни преработки, оддел за зреено месо, ексклузивна винарија, пекара во која ќе се подготвуваат свежо печени леб и бели печива, рибарница со голем избор на морски плодови и риби како и оддел со декорации и опрема за домот.

Како новитет во Македонија, Тинекс за прв пат за потрошувачите ќе постави каси за самoнаплата на кои потрошувачите брзо, лесно и сигурно во само неколку чекори ќе може да ги купат посакуваните производи. Со оваа иновација Тинекс ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење.

Како втор концепт е нашата луксузната продавница Космо на продажен простор од 300м2 на кој се изложени познатите мириси на парфемските куќи, niche брендови, селективна, декоративна и органска козметика и ексклузивен накит од најпознатите шпански и италијански дизајнери. Парфимеријата Космо е најуникатната продавница за убавина во градот со над 10.000 производи за нега и убавина.

По повод отворањето Тинекс и Космо подготвуваат многу атрактивни акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот, ќе бидат организирани специјални понуди.

Погледнете ги сите акции на следните линкови:

Cosmo – https://fliphtml5.com/ufrxs/guyj

Tinex –  https://fliphtml5.com/ufrxs/dnzx

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста