Отсуството на стратегија е причина што Македонија е лидер на светските црни листи по смртност од корона вирусот

Смртноста од Ковид-19 во Македонија е загрижувачка затоа што здравствените власти немаат стратегија од почетокот на пандемијата алармираат инфектолозите.Д-р Жаклина Шопова од Инфективната Клиника за Алфа вели дека задоцнетото тестирање на пацинетите и нивното лутање од врата на врата во здравствените установи се само дел од проблемите кои ја доведоа земјата да биде на врвот на листата на земји со највисока смртност.Според д-р Шопова протоколи за лекување има ама нема едукација на здравствените работници од внатрешноста за да ги практикуваат протоколите.

„Сметам дека за намалување на смртноста стварно треба да се седне и да се направи добра анализа и да се најдат сите грешки, нас ни недостасува и медицински персонал. Не може вие да имате кревет, кревет сите имаме дома..кревет има по хотелите и каде сакате. Но ако немате човек кој што е обучен и може да му даде помош на пациентот тогаш што ќе ви е креветот. Затоа е битно она мапирање, за да знаете со колку активни медицински работници располагате, колку од пасивните може да ги вклучите, да имаше обид и се вклучија помладите лекари, но сепак затоа треба време и треба обука“ – вели д-р Шопова.

Во однос на вакцинацијата, инфектологот д-р Шопова смета дека не е логична одлуката да се вакцинираат оние кои прележале ковид пред само 45 дена.

„Нешто што мене многу ме иритираше и бурно реагирав е изјавата на министерот Филипче,дека треба да се вакцинираат и оние кои што прележале и после 45 дена ве молам, значи после прележување на ковид вие вашиот организам има створено имунитет, има луѓе кои не ствараат имунитет тоа е факт, но заради тоа треба да постои и соодветно тестирање значи повторно ни недоставува дијагностика од страна на државата каде што вие треба да направите за одредена популација, дали треба да ја вакцинирате.А вие сега немавте вакцини,сакате да ги потрошите вакцините па велите и вие што прележале после 45 дена да се вакцинираат“, изјави д-р Жаклина Шопова.

За докторите особено важна е и пост ковид терапијата која за жал, државата досега не мрдна со прст на ова поле. Затоа, бараат што поскоро да бидат отворени центри за пост ковид терапија, кои не се потреббни само за пациентите, туку и за здравствените работници кои речиси две години неуморно се борат со вирусот.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста