Откупувачите на тутун ќе ги отворат пунктовите, а ќе откупат и плус 10% од договорените количини?!

Проблемите со откупот на тутунот во пелагониско-долненскиот регион, сепак биле реални.

По минтонеделниот револт на тутунарите од овие региони, за кои Алфа пишуваше, а за кои ресорниот министер Димковски рече дека нема сознанија, на вчерашната средба со тутунопроизводителите, откупувачите им дале ветување дека ќе ги отворат пунктовите и дека ќе откупат уште по 10 проценти од договорените количини тутун, за што, наводно обезбедиле и дополнителни банкарски гаранции.

„Купувачите се согласија дека вагите ќе видат отворени, и дека се што ќе се донесе на вагите ќе биде земено нема да се враќаат тутунопроизводителите назад, тие кажаа дека имаат средства за да ги откупат“, изјави Менде Стомнароски – прет. на Сојуз на тутун. здруженија.

Од Сојузот најавуваат дека по завршувањето на годинашниот откуп, веднаш ќе започнат преговори со откупувачите за приближување на цените меѓу класите.

Тутунопроизводителите велат дека не препознаваат политика во новонастанатите состојби и повикуваат на брзи приговори до надлежниот Инспекторат доколку се забелажат било какви неправилности при проценката.

Инаку, проблемите при откупот, минатата недела ги актуелизираа долненските тутунари, во присуство на техничкиот министер, Цветан Трипуновски, а додека министерот Димковски тврдеше дека откупот се одвивал непречено.

Каролина Дурло

Advertisements