Откриени 26 танчерки што работеле илегално во локал на стариот пат Тетово-Скопје

На 12/13.09.2020 во времето од 22,30 до 02,00 часот, при акциска контрола од полициски службеници од СВР-Тетово, во угостителски објект лоциран покрај автопатот на стариот пат Тетово – Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две државјанки на РМ, а 24 странски државјанки (пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина). Тие биле приведени.

Исто така и кај едно женско лице од Р.Албанија (танчерка) била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од с.Радуша-скопско бил пронајден нож. Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово. Во угостителски објект во с.Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Р.Албанија поради нерегулиран престој.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста