Откажани и завршните супер-џи трки во Ленцерхајде

Силниот ветар и обилните врнежи од снег ги принудија организаторите во Ленцерхајде да ги откажат денешните завршни трки на машкиот и женскиот супервелеслалом од Светскиот куп. Поради тоа малите кристални глобуси за најдобрите во овие дисциплини им се доделени на Винсент Крихмаер во машка, и Лара Гут во женска конкуренција. Вчера откако од иста причина не се одржаа последните трки во спуст, малите кристални глобуси завршија во рацете на Беат Фојц и Софија Гоџа. Надеж и оптимизам кај организаторите постои за враќање на трките во паралел слалом во екипна конкуренција како и слалом и велеслалом во текот на викендот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста